По објавувањето нови „бомби“

„Ова е само почеток“, се заканува новиот сопственик на нелегални аудиоснимки

На социјалната мрежа Фејсбук денеска беа објавени шест нови нелегално прислушувани разговори, од групата на т.н. „бомби“.

Пет од објавените разговори се на албански јазик, а објавувачот тврди дека наводно зборуваат политичарите од ДУИ, Блерим Беџети, Муса Џафери и Бекир Асани.

„Ова е само почеток на објавување на некои прислушувани разговори во кои се вклучени Али Ахмети и Муса Џафери“, напишал објавувачот, додавајќи дека „кумановската група“, мислејќи на осудените за Диво Насеље, поседува уште разговори, кои ќе бидат објавени, барајќи меѓународна истрага за случајот, за наводно да се открие улогата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Една од „бомбите“ е на македонски јазик, а наводно поранешните високи полициски функционери Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков разговараат за тогашниот заменик-министер во МВР Блерим Беџети, кој барал да се казнат припадници на полициската единица „Алфи“, бидејќи според него се однесувале грубо при рацијата во тогашната дискотека „Шери“.

Според Мијалков и Јанкулоска, „алфите“ коректно си ја завршиле работата и при претресот пронашле пиштол, кај извесен Шеваљ, кој седел на иста маса со Беџети.

Фејсбук профилот „Ел Чека“ (El Cheka) на објавувачот на „бомбите“ не е анонимен, има над 2.747 пријатели.

Дел од нелегално прислушуваните материјали веќе е отстранет.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе