Нови „бомби“ на Јутјуб: Мицкоски со осумте независни пратеници, исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Денеска на Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ се појавија уште четири нови аудио-снимки на кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски разговара со осумтемина независни пратеници, исклучени од ВМРО-ДПМНЕ за законот за ЈО.

„Лицемерие на Мицко“, „Најважна работа се предметите на СЈО“, „Вистината еден ден ќе излезе“ и „Мицко со 8те независни од ВМРО со понуда на маса“ се наловите на видеата.

Во првиот разговор, Мицкоски зборува за Законот за јавно обвинителство, за кого вели дека е „трета, но не помалку важна активност, а можеби и најважна“. Мицкоски вели: „На комплетно нелегален начин ги префрлија предметите таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше сосема доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани врз политички неистомисленици. И они немаат желба понатаму да има решение по закон, и ете, фингираат преговори пред меѓународна заедница и пред нас и така натаму“.

Во втората снимка, Мицкоски ги уверува осумте пратеници дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во сите општински комитети низ Македонија, без исклучок, побарал тие да не бидат напаѓани. „Е па тоа јас ви го кажувам. Ме наведувате на тоа што ви е пренесено, еве од мене ќе чуете“, им вели Мицкоски.

„Крсто, знаеш што, работите не се црно бели и секој има своја субјективна причина како ќе… Ја нема да навлегувам во материјална дискусија како било, што било, но еден ден, како што велиш ти, вистината ќе мора да излезе на виделина. Ќе мора да се каже вистината, да се погледнеме во очи и да си ја кажеме вистината. Е јас, тој ден го чекам. Тој ден сега не може да биде. Прво и на вас ќе ви биде непријатно да ја кажете сега вистината, ама кога ќе се сменат работите после 12-ти, се надевам дека ќе се погледнеме вака сите во очи, овдека или на друго место и ќе си ја кажеме вистината“…

Во последната снимка, се спомнува некаква понуда: „ … на следните парламентарни избори. Ја не знаев дека постои амбиција од овој Сашо, дека се очекува понуда, но добро е што ја слушнав сега и се надевам дека многу скоро, на следната наша средба, можеме и ние да размислиме за една таква понуда и да излеземе со понуда“, вели Мицкоски во снимката.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе