Нова тензија во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја окупираа говорницата, барајќи пауза

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја окупираа собраниската говорница откако, претходно во процедурална забелешка пратеникот Илија Димовски на крајот од говорот побара пауза, а спикерот Џафери не ја одобри. Додека пратениците извикуаа пауза, пауза, во исто време претседателот Џафери го прочита днвениот ред и го стави на гласање. „Не го кршете деловникот. Дајте пауза“, рече Илија Димовски. 

По неколку минути расправање, другите пратеници се повлекоа, а остана Илија Димовски да се расправа со Џафери. Претседателот на Собранието ги обвини пратениците од опозицијата дека сакаат насилно да прават промени и рече дека и покрај тоа што не им следува даде пауза од еден час.

„На 27 април кога дојдов на ова функција реков или ова Собрание ќе биде како што доликува или нема да го има. Физички постои и ќе постои, но треба да се почитува редот. Прво и основно мојот почитуван колега Димовски побара процедурно, тоа трае 3 минути. Му истече време, неколку пати реков благодарам и тој на крајот на тие 3 минути побара пауза. Затоа сметав дека нема потреба да ја дадам. Но, и да е така не може да се наметне одлука под притисок, на сила и под уцена. И покрај тоа, решив ви давам пауза од еден час“, рече Џафери во образложението по смирувањето на страстите во собраниската сала.

Претходно, во расправата за дневниот ред за денешната 15. седница, сите координатори на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ бараа да се симне законот од дневниот ред и бараа прекинување на постапката за носење на предлог-законот за употреба на јазиците. Тие велеа дека законот не може да има европско знаменце оти не е наведено со кој пропис на ЕУ се усогласува, како и дека е прекршен деловникот, оти не бил даден во Комисијата за политички систем како матична комисија, туку на Комисијата за европски прашања.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе