Нова најава од Заев: В недела се очекува по ДХЛ да дојдат првите 3.000 набавени вакцини

Според информациите што ги има премиерот Зоран Заев во недела во земјава треба по ДХЛ треба да стигнат првите 3.000 набавени вакцини.

„Секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат вакцините. Сега имам конкретна информација кога ќе стасаат ама како да кажам, ако не стигнат? Во недела ги очекуваме првите три илјади што ќе дојдат преку ДХЛ, а министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и отоа тие да бидат пуштени“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реконструирана градинка во Карпош.

Тој потсети дека вчера и Министерство за здравство објави оти се потврдени 21 илјада вакцини од Фајзер. Договорот, како што рече, конечно е потврден после сите прашања кои ги поставиле нивните служби. Филипче ја кажа и динамиката колку ќе пристигнат во прв, што е за втор квартал, што е за третиот и за четвртиот квартал.

„Стаса и информацијата и од Ковакс дека до крајот на првиот квартал, односно до крајот на овој месец ќе стасаат првите количини, а тие се меѓу 20 и 30 илјади. Така што во март ќе почне масовната вакцинација по протоколите – покрај здравствените работници, ќе бидат вакцинирани и хронично болните и возрасните граѓани“, изјави Заев.

Тој рече и дека земјава сѐ уште очекува вакцини од Кина каде беше платен аванс, а кој потоа беше повлечен. На потврдување и осигурување на количините вакцини, покрај министерот за здравство работат и министрите за надворешни работи и за европски прашања.

Заев информира дека има и нови понуди за набавка за вакцина на Астра Зенека, кои, како што рече имаат постабилни количини и најави дека во текот на денот ќе има разговор со британски претставници од највисоко ниво за да се види дали може за седум до десет дена да стасаат и тие вакцини.

 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе