Нова инвестиција на Пуцко петрол, за 24 милиони евра купено земјиштето на „Алумина“

Нафтената компанија Пуцко петрол го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“ за 24 милион и евра. По долги преговори е склучена зделката со израелската компанија „Газит глоуб“ која претходно го поседуваше ова земјиште. Инвестицијата која би се случила на овој простор, се проценува на 150 милиони евра, велат од Пуцко петрол.

Асмир Јахоски

Во време на глобална пандемија и економска криза, компанијата решава да инвестира дома. Целта е да се ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите.

„Во време кога светот запре, кога фирмите се на голем удар од кризата предизвикана од вирусот ковид-19, нашата компанија ќе го урбанизира овој простор. Целта е да се даде репрезентативен изглед на овој дел на Скопје, следејќи ги секако енергетско-ефикасните трендови во Европа“, вели Асмир Јахоски, сопственик на Пуцко петрол.

Во наредниот период, ќе следат длабински анализи и долг процес на планирање за идната инвестиција. „Бенефит ќе има за целиот град, но и за општината Карпош која ќе добие модерен и зелен комплекс “, вели Јахоски.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе