Нова група авганистански граѓани ја напуштија Македонија и заминаа за Канада

Денеска со лет од меѓународниот аеродром во Скопје заминаа 22 авганистански цивили, кои во изминатиот период престојуваа во Северна Македонија. Тие добија престој во Канада, а беа вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство".

Со ова продолжува успешната мисија за трајно решавање на статусот на мирољубивото население на Авганистан кое е во животна опасност од талибанскиот режим. Северна Македонија активно учествува грижејќи се за неколку стотини кои до сега пристигнаа во земјава. Повеќе институции и невладини организации се ангажирани пружајќи им ја сета помош и поддршка додека се сместени во објекти во Скопје. Вклучени се здравствени работници, волонтери на Црвениот крст, а со правна помош за обезбедување документи потребни за заминување во трети земји асистира Македонското здружение на млади правници.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе