Нова група авганистански граѓани доаѓа попладнево во Македонија

На скопскиот аеродром денеска после 16 часот треба да пристигне нов група граѓани од Авганистан, информираат од Владата, но не прецизираат за колкав број се работи.

Ова ќе биде втора група Авганистанци евакуирани од земјата кои ќе пристигнат во Македонија и ќе имаат привремен престој, откако доцна вечерта на 30 август дојде првата група од 149 Авганистанци, меѓу кои и жени и деца. Станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.

Поголемиот дел од нив тогаш под строго полициско обезбедување беа префрлени и сместени во хотелот „Белви“.

Од МВР велат дека за сите што доаѓаат од Авганистан се вршат безбедносни проверки, а Министерството за здравство ги тестира дојдените на Ковид-19.

Македонската Влада веќе прифати во земјава привремено да бидат сместени над 700 авганистански граѓани, кои потоа треба да заминат во други земји, главно во САД.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе