Нова „бомба“ за Заев, зборува за предмети на СЈО

На Јутјуб каналот „Слушне вистина“ денеска се појави аудио снимка во која се слуша гласот на лидерот за СДСМ, Зоран Заев, во која споменува дел од предметите кои ги водеше Специјалното јавно обвинителство.

Во дел од разговорот Заев ги споменува предметите на СЈО, како и дека по 30 јуни 2017 година прислушуваните разговори што тој ги објавуваше нема да важат, во контекст на преговорите за новиот Закон за јавно обвинителство.

„Доаѓаа два-три пати тука кај мене. Врховниот суд ја донесе одлуката и таа одлука сѐ до Врховниот суд додека стигне е таа одлука. Доле гледа заебаваат, основни, не знаат како да постапат… Ние политички многу не смееме заради граѓанскиот сектор, сега во законот го ставивме, дека материјалите важат до 30 јуни 2017. Финито, готово. Тоа и за ДУИ е важно и тоа е едно од решенијата што ги имаме“, е дел од разговорот.

Наводно, во објавениот разговор, Заев вели и дека по 30 јуни остануваат живи само 18 предмети. Споменува и гласање во парламентот, а во нејасен контекст ги споменува и Оливер Спасовски, и Радмила Шекеринска.

„Се знае што се прави позадински. На пример, што правам јас, ако правиш за сите ќе правиш. Генерално сум поставил став против притворите сум, јавно кажувам со се. Викам, треба тоа во парламентот или не треба, ако сакате се откажува од парламентот. ‘Не, не’ рекоа, важно е тоа во парламентот, врзани ми се пратениците, погодил човекот…“, е дел од од разговорот. 

„Втора работа, објаснувајќи на сите дека треба да се случат овие работи, комбинациите кои се правени тогаш со Катица, со Оливер, со Радмила со сите што се чинители, знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки. Филмовите се правени дека луѓето не треба да одат во притвор, си имаат дела нека си одат понатаму. И кога слушнаа за Врховен суд, знаеја, не се паднати од Марс. Им кажав дека 18-те предмети мора да се тераат до крај. Паѓаат Талир 2, Поштенска банка, на Али Ахмети со пописот, но тој е ризикот“, се слуша во денешната „бомба“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе