Нова „бомба“, објавувачот тврди дека се однесува на Заеви

На Јутјуб каналот со име „Вице Мафијашот" се појави нова аудиоснимка со наслов „Вице даде зелено светло да запалам коли", во која се слуша разговор помеѓу две машки лица.

Пред да почне аудиоснимката се наведува дека разговорот го водат Стојче Чифлигароски, кој е претставен како „сопственик на СВ Инвест, фирма параван на семејството Заеви за тендерите во РЕК Битола" и Горан Димовски Тушникот од Битола.

Во снимката се слуша како лицето претставено како Тушникот од Чифлигароски бара да му пуштат пари за да може да работи и објаснува како дошло до ситуација да е „блокиран".

Во разговорот тие споменуваат и лица Вице и Трајче за кои авторот имплицира дека станува збор за членовите на семејството Заеви.

Во аудио-снимката Тушникот се фали дека добил зелено светло од извесен Рашо, за кого се тврди дека најверојатно е Радиша Бојовиќ, зет на Зоран Заев, а ќе остварел и средба со братот на Зоран, Вице Заев, за да се запали автомобил на човек од Битола, извесен Чаки, затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ и многу ја претерал.

Во снимката Тушникот раскажува дека во Струмица заработил 30-40 илјади евра преку некој адвокат за вадење на човек од притвор, за што добил златен часовник како награда. Се спомнува и бизнисот со канабис.

Тушникот во еден дел кажува и дека на некое „дете Чаки ќе му се запали колата", за што добил и зелено светло.

Содржината на разговорот е следна:

Тушникот: Е Стојче бе, машинерија уба еј ... Што праиш, арен си? Добра кола, еј, многу добра

Чифлигаровски: Не е моја бе, на жена ми е

Тушникот: Е тоја е, на чена ти чим е, на кој е? Истото е

Чифлигаровски: Што праиш бе брат?

Тушникот: Добро бе брат слушај сега. Имам една стратегија, со Рашо бев Струмица ис Вицето само му кажа преку телефон, јас ќе се видам вторник или среда со него. Скопје ме викна. Има тука многу 5-6 души, брат, кои хаос прават. Ме разбираш. Почнаа да се заканват. Јас си направив моја екипа, затоа неќам да ме гледаат лево десно, утре да не дојде нешто со мене, да нè спојат неќам. Сфаќаш?

Чифлигароски: Така, така

Тушникот: Значи вака е работата ... Јас тие мора да ги средам, сфаќаш? Тој Чаки, кола, све, ќе му се запали овие денови. Многу ја претера, многу ...

Чифлигароски: Кој?

Тушникот: Чаки едно дете го викат, од ВМРО е, така главен му е таму. Ќе го потиснам јас убаво.

Чифлигароски: Добро

Тушникот: И не само тој, има многу низ градот. Ќе ги средам јас сите, зелено светло ми е даено

Чифлигароски: Така

Тушникот: Рашо го знаеш ти, така?

Чифлигароски: Го знам бе, како не

Тушникот: Ми е другар таму се дружевме 24 сати заедно, и така. Друго сакав да ти кажам. Да ти ја кажам првин сторијата моја на кратко, сакам да ти кажам после шо е работата ... Значи јас бев Струмица, заработев некои 30-40 илјади евра. Правевме некои работи, адвокатот, нема врска ... Еден Турчин го извадовме од притвор. Го имаа пикнато, тој нè почасти, еден сат мене убав многу ме почасти 30 илјади евра е тој нема врска.

Чифлигароски: Добро

Тушникот: И работата е, вложваше, една фабрика направија за канабис и за она за плантажи. Цело време заедно и на крајот, реално ќе ти кажам тебе, на крајот се потскараа со Трајче. И Трајче му даде црвен картон, му ги стопира сите работи и тој не може повеќе таму да работи со тоа. Е сега, што е, во оваа работа целајас испаднав заебан, сега ќе ти кажам зошто. Јас си зедов тие парите, на банка тука. И едно време требаше за клубот да плати, имаше давачки 50 илјади евра месецот за клубот, за фудбалери. И ми вели, брат, колку имаш да ми ги дадеш да дадеме плата да не се срамиме демек, гледаш почнуваме сега, одма ти ги даваме, ама тогаш лиценцата ја чекавме, сè си беше ок. И Стојче ништо бе брат, го заглавија. Не дека нема да ми ги врати ама ме блокира брат. Џабе ојдов, џабе работев, останав ... Кога ќе видиш, некој да работиш сеа, да ти земи назад. А другар многу, како брат, заедно живеевме, на исто место спиевме. Како да не му ги дадеш така?

Чифлигароски: Така

Тушникот: И добро тоа помина замина ... Е сега мене, работата што со тебе се гледам е само поддршка да ми дадеш ако можеш да ми ги префрлиш оние парите побрзо, да можам да движам. Ме разбираш?

Чифлигароски: А што направивте со овој, завршивте работа?

Тушникот: Завршено е, ама не знам брат, не се префрлени.

Чифлигароски: Ајде бе утре ќе ти кажам одма

Тушникот: Таа рече треба да се почека наводно уште малце. Неќам на Вице да му барам, ќе речи 'а бе те те пуштив кај Стојче, заврши'. Знаеш, ќе ми е незгодно. Што ќе рече, овој бара. А друго е кога ќе дојдат изборите нека тепаат, е тогаш друго ќе бараме. Така не?

Чифлигароски: Така е бе брат, фала Боку бе.

Тушникот: Сега што е до мене, јас ќе се покажам, ќе му средам сите работи тука од мене, со цело срце ќе влезам ... Е натаму ќе видиме сега, како ќе се покажат. Така не?

Чифлигароски: Така бе, нормално

Тушникот: Тоа е тоа ... за тоа сакав со тебе да се видам. Едноставно сакам и една кола без документи да земам, да нема ни документи, лево десно кога ќе одам ... Имам мое другарче што е ѕвер за тие работи ... Ќе ги средиме сите овие. Оти многу брат, знаеш што се случува сега ... Страшна работа, невидена ... Готово, готово, сега уште повеќе ќе фаќат, другар. Ќе ги смирам јас, ќе ги потисниме, ќе ги средиме сите Стојче ...

Чифлигароски: За ова утре ќе ти проверам одма и ако е сè спремно, ќе гледам уште одма да ти се пуштат парите. Да бркаш работа

Тушникот: Да, да. Гледај тоа убрзај ми го. Не можам да се движам многу, ме сфаќаш. И едно количе да земам од овие што ти кажувам, без документ, ќе ми треба. Ти види утре, ако е се во ред и ако треба уште нешто ти таму ќе му кажиш и готово

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе