Нова аудиоснимка: Кичеец разговара со бизнисменот Дака, се спомнуваат Рашковски и Заев

На Јутјуб каналот „Раце лепливи“ попладнево се појави нова аудиоснимка во која наводно се слуша гласот на Зоран Милески и Миодраг Давидовиќ Дака, српски бизнисмен. Во аудиоматеријалот, кој трае околу 12 минути, Дака и Милески ги споменуваат имињата на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, а се слуша и името на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Во разговорот се споменуваат дадени пари на Милески, се споменува референдумот и неостварени ветувања за бизниси поврзани со хидроцентрали и ветерници во Тетово и Штип.

„Јас бев кај него (Зоран Заев), ми вика знаеш за Дака, доаѓа цело време тука, сè сум организирал… Со Рашкоски дали го држиш под контрола. И јас сум реков да! И тој ми рече добро ти го работиш ова, јас го правам ова за тебе“, вели Милески и го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски, дека е тука, ако треба да „заврши работа за референдумот за името“.

Очигледно Давидовиќ Дака е незадоволен бидејќи се чувствува изигран од Зоран Заев и Рашкоски за парите што ги дал, бидејќи не го добил тоа што сака иако платил пари.

„Ги знам тие ваши трикови. Јас вас ви дадов 300 илјади евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо“, вели Дака, на што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе