Словенија го презема претеседателството со Унијата

Нов претседавач со ЕУ, нова шанса и надеж за одблокирање на преговорите за членство

Словенија од денеска го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, а за Македонија тоа значи нова шанса за одблокирање на евроинтеграциите и нова надеж за почеток на преговори. 

И европски високи претставници го охрабрија словенечкото претседателство да работи по предлогот што на владите во Македонија и во Бугарија им го достави португалското претседателство, со цел да се најде решение на спорот меѓу двете земји.

Деблокирањето на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија ќе биде една од првите задачи на претседавањето на Словенија со ЕУ и тоа е „морално прашање“, изјави минатиот месец словенечкиот претседател Борут Пахор.

Тој нагласи дека треба да се изнајде начин Бугарија да и даде зелено светло на Македонија и дека тоа сега е не само политичко, туку и „морално прашање“ за Европа, нагласувајќи дека напредокот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е важен за стабилноста на регионот.

Директорот на Центарот за европски стратегии Евротинк, Димитар Николовски, во изјава за МИА вели дека охрабрува фактот оти проширувањето, вклучително и отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, е меѓу трите највисоки приоритети на словенечкото претседателство.

„Со оглед на географската положба и историските врски, Словенија е најдиректно засегната со ова проширување, во споредба со другите две земји од претседавачкото трио – Германија и Португалија”, оценува Николовски.

Сепак, тој не очекува откочување на процесот за време на словенечкото претседателсто, поради фактот дека Словенија ја нема таа моќ на убедување.

„Позитивното е дека сме се уште највисок приоритет, па со ангажманот на помоќни земји членки би можело да има постепено приближување на позициите меѓу Бугарија и Северна Македонија, но тоа нема да биде краток процес”, вели Николовски.

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир минатата недела исто така потврди дека Словенија ќе ги преземе напорите за предлогот на португалското претседателство со ЕУ.

Според него, октомври сега е реален датум за деблокада на европерспективите на земјава.

„Северна Македонија си ја заврши домашната задача и ние мора да испорачаме. Tреба да продолжиме да го туркаме процесот и да стигнеме до целта, за да ги почнеме преговорите. Дали октомври е реален? Да. Како што кажав, португалското претседателство работеше напорно, а Словенија потенцираше дека ова и е приоритет и ќе ја продолжи работата. И мислам дека сите разбираме дека треба да продолжиме да го туркаме процесот за да стасаме до целта и да ги почнеме преговорите”, изјави Гир.

Шефовите на дипломатиите на претходниот претседавач со ЕУ, Германија, досегашниот Португалија и идниот Словенија, Хајко Мас, Аугусто Сантос Силва и Анже Логар, на 26 јуни излегоа со заедничка изјава во која ветија напорна работа во претстојниот период со цел брзо надминување на моменталната блокада, откако Македонија и Албанија не добија зелено светло за почеток на преговори на јунскиот самит на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на овие три земји во заедничката изјава го потенцираат значењето на продолжувањето на процесот на проширување, како стратешка цел на Унијата. Тие велат дека моменталната блокада го поткопува кредибилитетот на ЕУ и е во спротивност со стратешкиот интерес на Унијата за стабилност на Западен Балкан.

Тројцата шефови на дипломатии додаваат дека токму процесот на проширување и перспективата на членството во ЕУ ја нудат најдобрата можна рамка за надминување на различните гледишта кои постојат кај сите партнери од Западен Балкан.

Земјава од декември лани се соочува со вето од Бугарија за усвојување на преговарачката рамка, со што официјално би почнале преговорите за членство со ЕУ. Софија тврди дека Скопје не го исполнува Договорот за добрососедство, а исто така инсистира Македонија да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корени. Македонската Влада одбива да преговара за идентитетски прашања, истакнувајќи во многу наврати дека дури и по цена на членство во ЕУ се идентитетот и јазикот, оти за нив не се преговарало, ниту ќе се преговара во иднина.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе