Локални избори

Нов градоначалник на Охрид е Константин Георгиевски, кандидатот на СДСМ

Кандидатот на СДСМ Константин Георгиески е извесен победник на предвремените избори за градоначалник на Охрид.

Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески.

Според преброените 29 илјади или 90 проценти од гласовите, Георгиески има убедлива предност од речиси четири илјади гласа пред противкандидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски.

Во изборниот штаб на СДСМ во Охрид веќе се слави, оттаму што сегашната разликата во гласовите укажува на извесна победа на градоначалничките избори.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе