За детекција на растителни болести

Нов договор на фирмата на сопругот на министерката Царовска со Шилегов, ќе се снимаат шумите на Скопје

На 4 март Град Скопје и фирмата Флај кем од Скопје склучиле договор за набљудување со дрон на шумските површини на скопската котлина за рана детекција на растителни болести. Сопственик и управител на оваа фирма е партнерот, невенчаниот сопруг на министерката за образование Мила Царовска. Вредноста на договорот за една година е еден милион денари или 16.250 евра.

Во овој договор е утврдена поединечната цена за снимање на шумите на Скопје за еден квадратен километар (82.600 денари), но никаде во договорот го нема податокот за вкупните шумски површини на Водно, Матка, Гази Баба...

За ова и за проценката на министерката Царовска и градоначалникот Петре Шилегов, двајцата високи функционери од СДСМ, дали има конфликт на интереси или кршење на некои основни етички норми, ги очекуваме одговорите од нивните кабинети.

Инаку, и порано фирмата Флај кем снимала за потребите на државни институции. Во април 2018 година оваа фирма имала договор со АД МЕПСО за обезбедување на „специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонреден преглед на ДВ“ во вредност од 779.980 денари.

Флај кем изминатите години работела и за Општина Куманово и имала уште еден договор за Град Скопје. Во март 2018 година Флај кем продал дрон за 129.800 денари на општина Куманово. Интересен е и договорт на Флеј кем во 2019 година за снимање со дрон за потребите на кумановската градинка „Ангел Шајче“  (2х35.000 денари).

Мила Царовска од 1 јуни 2017 година до 3 јануари 2020 година беше министерка за труд и социјална политика во првиот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. На 3 јануари 2020 година е избрана за заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори во преодната Влада, функција која ја извршува до 30 август 2020 година. Од тогаш Царовска ја извршува функцијата министерка за образование и наука во вториот мандат на Владата предводена од Заев.

A.Д.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе