Заев-Борисов

Нота нема да има, на Софија ѝ е укажано на содржината на Преспанскиот договор

Бугарскиот премиер Бојко Борисов случајно и ненамерно ја направил грешката кога македонскиот претседател го именуваше како „северномакедонскиот политичар“ и „северномакедонскиот претседател“, оцени Владата додавајќи дека се работи за „голем пријател на Република Северна Македонија и ценет премиер на Република Бугарија“, се вели во одговорот на Владата на прашањето на МКД.мк за тоа дали е испратена нота до Софија, како што вети македонскиот премиер Зоран Заев.

„Во соодветна комуникација која ја оствари Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со бугарската страна, беше посочена содржината на Преспанскиот договор и начинот на кој е договорено да се користат термините за нашата држава, со очекување дека и Република Бугарија ќе продолжи да ги практикува, како во духот на нашите пријателски односи, така и во интерес на целиот регион и пошироко.

Северна Македонија и Република Бугарија продолжуваат да соработуваат интензивно, поставувајќи амбициозни проекти и конкретни активности, кои треба да придонесат за продлабочување на добрососедските односи, и во тој контекст, да ја забрзаат нашата интеграција во Европската унија, за која Бугарија несебично ја дава целата поддршка“, се вели во одговорот на Владата.  

Премиерот Зоран Заев на 10 јули најави дека ќе биде испратена нота до Бугарија по употребата на термините „северномакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“ од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Сараево.

„Секако дека ќе реагираме и ќе испратиме нота за да може да се исправат грешките. Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија“, рече Заев по изјавата на Борисов.

Борисов по самитот во Сараево за бугарските медиуми изјави дека се сретнал со претседателот  Стево Пендаровски.

„Северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кои ги кажа работите на најправилен начин. Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата и автономијата на Македонија“, изјави Борисов.

 

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе