Норвешкиот парламент го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров ѝ се заблагодари на Норвешка за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

На Tвитер тој упати благодарност до Парламентот на Норвешка, а на норвешкиот министер за надворешни работи Ериксен Сореиде му порача дека ја очекува неговата посета на Скопје овој месец.

Сореиде претходно на Твитер на МНР на Норвешка објави дека  Парламентот на Норвешка го ратификувал протоколот за членство на земјава во НАТО.

„Важен чекор за безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко. Во очекување да ја видиме Северна Македонија како сосед на Норвешка на масата на Северноатлантскиот совет“, напиша тој на Твитер.

Норвешка е 15-та од 29 земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, почнувајќи од 8 февруари 2019 со ратификацијата од Грција. 

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе