Норвешка донација во медицинска опрема за полската болница

Донација од еден тон медицински материјал од Норвешка, која се состои од медицински маски, маски за изолација, заштитни маски, заштитни наочари и термометри наменети за полската болница Rolle 2, во врдност од околу 200 илјади евра, реализирана преку НАТО Агенцијата за поддршка и набавки и транспортирана од Алијансата, денеска беше предадена во касарната Илинден во Скопје.

„Со денешната донација уште еднаш се покажува значењето на нашето полноправно членство во НАТО. Донацијата од Кралството Норвешка што се состои од сѐ она што е потребно во овој момент за справување со корона кризата се реализира преку НАТО Агенцијата за поддршка и набавки со што нашите НАТО-сојузници ја покажуваат солидарнста и соработката со сите земји-членки“, рече државниот серетар во Министерството за одбрана Драган Николиќ по предавањето на помошта.

Според него, Министерството за одбрана и Армијата уште во првите моменти на пандемијата на ковид-19 во нашата земја дадоа комплетна логистичка поддршка во борбата и справувањето со ширењето на коронавирусот.

„Во тој контекст ги проширивме и капацитетите на Инфетивната килинка со посатавување на мобилната полска болница  Rolle 2,  која всушност е донација од Кралството Норвешка. Во секој момент сме подготвени за поддршка на здравствените институции со сите капацитети кои можеме да ги понудиме“, рече Николиќ и додаде дека соработката со Норвешка датира уште од 2007 година преку обуката на македонските хируршки тимови кои учествуваа во мисијата во Авганистан.

Николиќ најави дека по првата пратка од норвешката донација ќе следат уште транши за обезбедување на медицински средства кои ќе помогнат во идниот период во справувањето со пандемијата.

Норвешкото воено аташе во земјава потполковник Егил Далтвеит изјави дека донацијата од норвешкото Министерство за одбрана е практична алатка која може да се искористи во борбата против ковид-19.

„Истовремено таа претставува само уште еден чекор во долгата и богата воено-медицинска соработка. Ние ги обучивме вашите доктори и медицински сестри и помогнавме во опремувањето на вашите воено-медицински капацитети како што е вашата теренска болница. Вие ги испративте вашите војници и војнички да служат во Авганистан во мисија предводена од Норвешка. Со нивните одлични и професионални операции вашите луѓе спасуваа животи на норвешки војници кога беа тешко повредени од Талибанците. Тоа не сме го заборавиле и нема да го заборавиме“, рече Далтвеит.

Шефот на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ рече дека норвешката донација не претставува билатерална, туку здружена активност, бидејќи во неа партиципираше и НАТО Агенцијата за поддршка и набавки и додаде дека во Алијансата не се зборува само за текнови, пушки и артилерија, туку и за областа на медицината која е многу важна.

„Донацијата е многу важна бидејќи се наоѓаме сред пандемија со ковид-19, а Норвешка е многу активна на медицинско поле на целиот Балкан. Медицинската опрема е со двојна намена може да се користи во операции низ целиот свет, но може да се користи и за потребите на земјата“, рече Јанковиќ.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе