ВО ПОТСДАМ

„Ноќниот волк“ Ленин претставува голема опасност за Германија!

Германската полиција не му дозволи на Ленин Јовановски заедно со руските „Ноќни волци“ да го прослави Денот на победата во Берлин.

Денес ја почувствував демократијата на дело. Денес бев уапсен од германската полиција која ме спречи да присуствувам на прославата во Берлин по повод 70 години од победата над фашизмот, пишува на својот Фејсбук профил Ленин Јовановски, лидер на „Ноќните волци“ од Македонија кои пред неколку дена тргнаа за Берлин.

Oд пречекот во Прага

Целата акција е иницирана од „Ноќните волци“ од Русија кои ги повикаа сите „браќа“ да им се приклучат на патот кон Берлин каде што ќе го  прослават овој јубилеј, кога пред 70 години Црвената армија го ослободи главниот град на Германија. Оваа иницијатива не им се допаднала ни на германските, ни на полските власти кои веќе ги укинале визите на неколкумина руски моторџии. Никој не очекуваше дека и македонски граѓани ќе бидат дел од оваа забрана.

„Ноќните волци“ стигнаа во Братислава

„Ме држеа 4-5 часа во полициска станица. Сите мои браќа од Русија, Македонија, Бугарија, Чешка, Германија ме чекаа... Сепак, повисокиот орган на полицијата т.н. Бундес полис президиум-Потсдам, одлучи да бидам уапсен со заклучок дека сум претставувал ГОЛЕМА ОПАСНОСТ за Германија. На товар ми се става тоа што сум на погрешната страна во конфликтот помеѓу западната и руската политика, грев ми било што сум се поздравил и зборувал со Путин, што сум ги поддржувал и солидаризирал со „бунтовниците" во Украина, како Ноќен волк сум бил екстремен националист и хомофоб, сум поттикнувал демонстрации и сум ги провоцирал државите, сум бил за анти-Мајдан и за анексијата на Крим. Од тој аспект, како што пишува во образложението за моето апсење, тие предвидуваат дека со мојот влез во Германија претставувам закана за општата сигурност и ред во Германија. Мора да е така кога за сето тоа беше задолжен цел кордон полицајци со и без униформа и со толкава логистика на возила, камери...  Спремни бре овие од германскава полиција, дури дел од документите ми ги дадоа и на македонски“, пишува Ленин Јовановски.

Сепак, неговите колеги го продолжија патот и утре сигурно ќе бидат на прославата во Берлин.

Ленин од вчера е во Прага и со адвокати се обидува да ја поништи одлуката на германската полиција и се надева дека сепак ќе успее да стигне до Берлин.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе