Поранешен бугарски дипломат коментира

Ноев: Бугарското барање е едноставно, Бугарите да се вклучат во македонскиот Устав

Поранешниот бугарски дипломат Бојко Ноев за БНТ вели дека новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков е прагматичен и тоа го покажал со ставот дека е потребна најпрво анализа, а потоа конкретни чекори за секоја од политиките.

Според Ноев, многу е важно да се направи анализа и на односот со Македонија.

„И ние сакаме работите да тргнат побрзо, но земјата-кандидат е Република Северна Македонија. Таа мора да исполни важни критериуми”, го коментира Ноев барањето на македонскиот претседател Стево Пендаровски побрзо да се донесе одлуката на Бугарија.

Ноев, како што јавува МИА од Софија, вели дека четири години ништо не се случило во односите меѓу Бугарија и Македонија, а по потпишувањето на Договорот за добрососедство односите меѓу двете земји се движеле во надолна линија. Северна Македонија, според него, во голема мера се потпирала на меѓународниот притисок и практично престанала да го спроведува Договорот.

Ноев додава дека Петков сега треба со својот тим да разјасни кои се причините Македонија да го промени ставот кон спроведувањето на договорот и дали Бугарија дала повод за тоа.

Бојко Ноев вели дека има притисок Бугарија да го смени ставот во однос на Република Северна Македонија, но додава дека Бугарија нема да го стори тоа.

„Политичарот кој би го сторил тоа, нема да остане ниту еден ден на власт. Затоа е многу важен предлогот на претседателот Румен Радев за состанок на Советот за национална безбедност, бидејќи на тој начин тој му дава поддршка на премиерот Кирил Петков во една комплицирана ситуација кога опозицијата и други недобронамерници го напаѓаат. Прашањето за односите со РСМ е крајно деликатно и сложено и Румен Радев му подаде рака на Кирил Петков”, коментира Бојко Ноев.

Според него, Бугарија има многу едноставно барање – Македонија, која е мултинационална, да ги вклучи и Бугарите во својот устав меѓу останатите националности.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе