Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)

Ниту едно јавно претпријатие не поминало на испит кај ревизорите

Повеќето од нас некогаш сме биле на испит. Испитот наречен ревизија кој јавните претпријатија треба да го положат, дава слика за нивното работење и покажува колку ефикасно и домаќински ги трошат парите кои им се на располагање.

Најмногу поени на тој испит носат извештаите кои се однесуваат на финансиската состојба на претпријатието и утврдуваат дали финансиските трансакции што ги прави претпријатието се направени согласно стандардите и законите.

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) направи анализа во која беа проверени информациите содржани во ревизорските извештаи изработени од Државниот завод за ревизија (ДЗР) за сите јавни претпријатија – вкупно 16 во изминатите пет години.

Анализата на ревизорските извештаи покажува дека јавните претпријатија имаат предизвици при почитувањето на законите, состојба што се увидува и во извештаите од ДЗР.

Загрижувачки е фактот дека сите јавни претпријатија паднале на задолжителниот дел од испитот спроведен од ДЗР односно ниту едно од нив не добило позитивно мислење. Тие или добиле мислење со резерва или државниот ревизор се воздржал од изразување мислење. Воздржувањето од давање мислење претставува најлоша ревизорска оценка бидејќи сугерира дека документацијата до тој степен била несоодветна, неуредна, некомплетна и неточна што ревизорот бил во ситуација да не може да оформи мислење.

Според истражувањето, само едно од 16 анализирани јавни претпријатија положило на тема усогласување со законите и регулативите, а за ниту едно ДЗР нема дадено позитивно мислење за финансиските извештаи.

Анализата покажува дека дел од претпријатијата нецелосно и неквалитетно прават попис, несоодветно ја документираат трговската книга, нецелосно и неточно ги утврдуваат приходите од наплата, не применуваат систематизација за работните места и приложуваат нецелосни и погрешни податоци за сметките, износите и направените корекции.

Кај некои јавни претпријатија ДЗР забележува дека се вршела исплата на прекувремена работа која не била во согласност со Законот за работни односи, а дел од нив исплаќале надоместоци во поголем износ од тој утврден со закон.

Проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и е финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе