Отворено писмо

Ниту една политичка партија не одговори на понудената платформа на Египќаните

Никој не одговори на понудената Платформа на Коалицијата на Египќаните за заштита на уставно загарантираните права и слободи на оваа етничка заедница. Овој документ беше испратен до првите луѓе на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците.

Демир Далип

Од Колицијата на Египќаните велат дека по измените во Законот за политичките партии, двете партии на овој етникум, Сојузот на Египќаните и Партијата за демократско движење на Египќаните, практично згаснааа.

„Припадниците на автохтоната и автентична етничка заедница Египќани во Република Македонија, како лојален, мирољубив и конструктивен етникум, сега се принудени спроведувањето на своите права и слободи да ги бараат преку поголемите политички субјекти, невладини организации, формални и неформални граѓански инијативи. За да имаме каква-таква гаранција за реализација на нашите уставно загарантирани права и слободи, подготвивме Платформа која ја испративме и до поголемите политички партии. Но, досега ниту еден политички субјект не одговори на Платформата, која во суштина бара  институционална интеграција на Египќаните, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор како и реализирање на начелото на рамноправност и еднаквост.

За ова цел имавме средби и со амбасадорите на ЕУ, Франција, Германија, Италија, ОБСЕ/ОДИХР и други во Република Македонија, и детално ги известивме за ваквиот дискриминаторски и неправеден статус на мојот народ“, ни изјави Демир Далип, лидерот на Колицијата на Египќаните.

Тој се надева дека некоја од поголемите политички субјекти, пред изборите, сепак ќе ја прифати Платформата, по што Египќаните безрезевно ќе дадат поддршка на соодветната политичка партија.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе