Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Ниту е побарана, ниту е одобрена промена на сопственичката структура на телевизијата 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека досега од нив не е побарана, ниту одобрена промена на сопственичката структура на 1ТВ.

По пишувањето во дел од медиумите дека 1ТВ има нов сопственик, од АВМУ преку соопштение појаснуваат дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не смее радиодифузер да направи промена на сопственичка структура пред таа да биде одобрена од страна на Агенцијата.

„Воедно, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена. Досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена промена на сопственичката структура на 1 ТВ“, се наведува во соопштението.

Од АВМУ додаваат дека во изминатиот период презеле низа активности во насока на тоа да се утврди дали оваа телевизија ги исполнува условите и обврските утврдени во Законот.

„Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија“, велат од АВМУ. 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе