Со претседателката на БСП

Нинова му порача на Заев: Бугарскиот интерес е над сѐ, нема услови да почнете преговори со ЕУ

Го почитуваме нашето партнерство, но над него го ставаме бугарскиот национален интерес. Засега не се исполнети условите за промена на бугарската позиција за Република Северна Македонија, изјави претседателката на БСП, Корнелија Нинова по средбата со македонската владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев.

Како што е објавено на нејзниот Фејсбук профил, Нинова додава дека тие се отворени за дијалог за барање решение на прашањето за приклучување на Македонија кон ЕУ.

„Ние секогаш сме го поддржувале приклучувањето на Северна Македонија кон ЕУ. Го поддржавме Договорот за добрососедство, како и Декларацијата на Народното собрание. Поздравуваме дијалог на највисоко ниво, но не го одобруваме јазикот на омраза што го има во Северна Македонија кон Бугарија, дискриминација на луѓето кои таму се самоопределуваат како Бугари, како и искривувањето на историските факти и историската вистина“, вели Нинова.

Според неа, БСП како сестринска партија на СДСМ, го почитува пријателството, ама над него ги става Бугарија и бугарскиот национален интерес.

„затоа кажавме дека нашата позиција е непроменета. А тоа значи дека во овој момент не се исполнети условите за давање согласност од страна на Бугарија за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ“, додава Нинова.

 

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе