ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „ИБНА“

Нимиц: Во вистинско време ќе дадам нови предлози за решавање на прашањето за името

Односите меѓу Грција и Македонија во последните неколку месеци значително се подобрија и има волја на двете страни за изнаоѓање решение за прашањето за името, кое ќе ја зајакне стабилноста во регионот. Ова е накусо оценката на посредникот во преговорите Метју Нимиц, во интервју за агенцијата ИБНА по средбата со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас во Њујорк. 

„Се надевам дека можеме да ги забрзаме разговорите подоцна годинава. Двете земји дадоа збор дека се заинтересирани тоа да се направи. Односите се подобрија во последните месеци и очекувам поголема активност“, изјавил Нимиц, според кого локалните избори ќе поминат за неколку недели.

На прашањето дали ќе даде нови предлози, посредникот кусо одговара: „Во вистинско време, да“.  Тој, исто така говори и за црвените линии на двете земји.

„Двете земји имаат свои позиции, може да ги наречете црвени или сини линии. Има многу важни прашања во двете земји, но мислам можат да се приближат“, вели Нимиц.

Посредникот не сака да предвидува што може или не може да направи македонската Влада како гест на добра волја и не сака да коментира хипотетички работи. Но, според него, очигледно е дека двете страни во последните месеци одлучиле да бидат позитивни и да споделуваат позитивна атмосфера и соработка, а иницијативата на грчкиот министер за надворешни работи за мерки за градење доверба, како што вели, е важен чекор во тој правец.

Нимиц не одговара конкретно дали има притисок од меѓународната заедница, но изјавува дека „сите, и САД и ЕУ, се заинтересирани“ прашањето да се реши. А самиот тој долго време чувствувал дека овој проблем требало да се реши пред многу години. Една од причините, како што додава, е обезбедувањето стабилност и пријателство во регионот. 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе