ЗА МКД.МК

Нимиц: Дијалогот за името е императив за двете земји и за помирување во регионот

Јас сум целосно посветен на разговори со добра волја за прашањето за името и лично и официјално. Процесот на дијалог за името е императив за двете земји и за мир и помирување во регионот, изјави за МКД.мк посредникот со преговорите за разликите околу името, Метју Нимиц пред доаѓањето во регионот. 

Нимиц в недела и в понеделник ќе престојува во Скопје, а потоа заминува за Атина. Дипломатски извори велат од посетата на Нимиц не треба да се очекува конкретен резултат, ниту пак, да дојде со предлози за решавање на спорот, туку неговата цел е да разговара за процесот и за тоа како да се продолжат преговорите.

По средбите во Скопје со македонскиот државен врв, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, според најавите, Нимиц ќе замине за Атина, на дводневни разговори со претставници на грчката влада.

Пред доаѓањето во Скопје, Нимиц не сакаше да го коментира соопштението од Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто, во кое стои дека Нимиц им го изјавил следново: „Неофицијално - ако бев Македонец, немаше да преговарам за моето име“.

„Веќе некое време Бил Николов бара од мене да поднесам оставка и се надева дека разговорите под покровителство на ОН ќе пропаднат“, е кусиот коментар што го добивме од амбасадорот Нимиц.

Посредникот Нимиц последен пат беше во регионот во јули 2014 и тогаш пред доаѓањето рече дека очекува голем напредок во процесот.

Неодамна, во интервју за грчки весник, посредникот Нимиц изјави дека решавањето на спорот за името треба да биде високо поставено на агендата на новата влада во Македонија.

                                                                                                            Ж.П.Б.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе