Грчкиот министер за надворешни

Никос Коѕијас даде оставка

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, даде оставка од функцијата, пренесе Катимерини.

Коѕијас денеска поднел оставка еден ден по напнатиот состанок на кабинетот на кој тој влегол во судир со министерот за одбрана Панос Каменос во врска со Преспанскиот договор.

Извори на Катимерини рекле дека Коѕијас бил незадоволен поради тоа што премиерот Алексис Ципрас не го поддржал во расправијата со Каменос.

Според извори, за време на состанокот на кабинетот во вторникот, Каменос го обвинил Коѕијас дека лошо ги управува тајните фондови на Министерството за надворешни работи и дека е човек на американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Помошници блиски до министерот за надворешни работи рекле дека тој бил „длабоко навреден“ од обвинувањата.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе