ВМРО-ДПМНЕ

Николовски: Заев ме тужи за да ја дефокусира јавноста од тоа каде завршија парите од „Рекет“

Премиерот Зоран Заев поднесе тужба за клевета против мене за политичка изјава во која што кажувам дека се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНE.

Еве што пред извесно време изјави Николоски: „Вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана  лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа што е потребна и кривична и политичка одговорност“.

Тужбата е поднесена од адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски, кој е познат по непотизмот во судството и во обвинителството,вели Николовски.

„Целта на власта е сега јас јавно да се извинам, да се уплашам и да се повлечам. Бара да му исплатам 60.000 денари оштета, како и да му го платам скапиот адвокат. Бара 60.000 денари оштета затоа  што брат му Вице исто така со тужба за клевета, не успеа од мене да добие 30.000 денари оштета. Па сега веројатно по принципот евро за евро бара 60.000 денари оштета за да можат со брат му да поделат по 30.000 денари.

Зоран кој јавно го советуваше Вице да не ме тужи за клевета, сега тој истиот Зоран ме тужи. Тоа е тој тажен премиер во заминување кој едно кажува, а друго прави. На сето ова јас едноставно ќе кажам го погрешивте човекот. Не ме познавате. Ниту планирам да се извинам, ниту планирам да се повлечам, ниту да ја свиткам кичмата затоа што тоа не е дел од мојот карактер. Особено не кога ја говорам вистината. Ќе одиме на суд. Зоран Заев со најскапиот адвокат во државата, може да покани и некој друг да го застапува, јас сам. Тој со најскапиот адвокат во државата и против вистината, а  јас ќе се бранам сам и со вистината ќе победам.

Рекетираните средства надминуваат 20 милиони евра. Рекетирани се повеќе од  еден бизнисмен и тоа е операција која што е добро обмислена од врвот на СДСМ и координирано лично од Зоран Заев за што треба да има политичка и кривична одговорност. Јас стојам позади ова“, рече Николовски.

Тој вели дека биле рекетирани и други бизнисмени, а за овој  податок обвинителството молчи и не ги повикува овие лица и не го проширува предметот.

„Убеден сум дека Зоран Заев има подобри сознанија зошто е тоа така. Постои и случај Рекет 2 во кој што бизнисмен сведочи за изнуда во која е вмешан посредник присутен и во случајот Рекет 1, а се однесува на министерот за здравство и на директорот на Фондот на здравство. Значи не е еден, повеќе бизнисмени се. Се случи и аферата „Вирус“, се случи и аферата во која бизнисмен обвинува дека тандемот Вице и Зоран Заев го притискале за да му земат земјиште. И се случуваат афери секој ден, што само потврдува дека се многу пари и дека се многу бизнисмени.  Трето, никој во оваа држава не верува дека е можен милионски рекет без знаење на врвот на власта. Па дали верувате дека кој било на Боки 13 би му далиеден денар, евро би му дал, доколку самиот врв на власта не стои на пирамидата.

Всушност и самиот тој кажал дека бил предупреден од врвот на власта и дека случајот е пријавен во обвинителството што само говори за тесната врска помеѓу нив.

Четврто, она што Заев преку неговиот адвокат не го пишува во тужбата, е вториот дел од мојата изјава, која што е оптужена, во која што велам дека кривична одговорност не може да остане само на овие тројца кои сега се опфатени, туку треба да се прошири на многу повеќе“, изјави Николовски.

Тој смета дека оваа тужба не е за да се докаже вистината, туку е за прогон врз главната опозициска политичка партија и лично врз него. Николовски ја подели и тужбата и рече дека таа не е за докажување на вистината, туку за дефокусирање на вистинското прашање во овој случај, а тоа е каде завршија парите на „Рекет“.  Ќе одиме на суд со задоволство секој со својата страна, кажав Заев со најскапиот адвокат, а јас сам и ќе ја докажуваме вистината, рече Николовски.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе