Николовски: Сумите изрекетирани од бизнисмени се вртоглави и надминуваат некаде 20 милиони евра

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во изјава за медиумите рече дека сумата изрекетирани пари од бизнисмени е дваесетина милиони евра.

„Она што утрово го дознавме е дека тоа што ВМРО ДПМНЕ го зборуваше целиот изминат период е вистина, а тоа е дека за сé бил информиран Зоран Заев и како што напишав и јас во една колумна некаде кога изби скандалот тој бил „капо ди тути капи" на целата оваа операција односно бил детално информиран за сите активности каде што има вмешани односно ракетирани многу повеќе бизнисмени од овој еден кој што го гледаме во моментот, сумите се вртоглави и надминуваат некаде 20 милиони евра“, рече Николоски.

Тој вели дека е неопходна темелна истрага, која во моментов ја нема, како и политичка одговорност односно оставка од цела влада и организирање предвремени избори.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе