Уште една функција за вицепремиерот

Николовски стана и претседавач на Антикорупциска коалиција

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска беше назначен за претседавач на Антикорупциската деловна коалиција за борба со корупцијата, која ќе ги користи холандските искуства.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска беше назначен за претседавач на Антикорупциската деловна коалиција за борба со корупцијата. Оваа платформа која делува по примерот на Кралството Холандија и воспоставени позитивни практики во Албанија, ќе делува во насока на постигнување реални резултати во следната година. Со назначување на вицепремиерот Николовски на претседавачката функција ќе се постигне подинамична борба против корупцијата, а преку воведување на успешни меѓународни практики, соопштија од неговиот кабинет.

На работниот состанок присуствуваа Роберт Декер, заменик амбасадор на Холандија во Скопје Данела Арсовска, претседавач на Интернационалната стопанска комора, , претседателката на Државната комисија за борба со корупција Билјана Ивановска, директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска и Главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски.

„Во анти-корупциската деловна коалиција, за која релевантните чинители ме одбраа и назначија како нејзин претседавач, заеднички ќе работиме на создавање на услови за атрактивна деловна клима преку добро управување, застапување и одобрување на најдобрите меѓународни практики за интегритет и зајакнување на капацитетите меѓу јавните и приватните институции во државата, кои се клучни во градењето на одговорно деловно однесување", рече вицепремиерот Николовски.

Претставникот од Антикорупциската бизнис коалиција, Габриела Кулебанова истакна дека коалицијата има за цел заедничка акција на надлежните институции и спроведување на мерки и активности за унапредување на доброто владеење и јакнење на културата на интегритет.

„Денешниот настан има за цел да ја официјализира поддршката на Владата со цел интензивирање на активностите на Антикорупциската деловна коалиција во борбата со корупцијата. Очекуваме активностите да добијат на интензитет, а меѓународните клаузули и практики кои имаат голема улога во спречување на корупцијата ќе станат дел од нашата пракса во креирање на договорите. Како клучни стратешки чекори кои е потребно да се реализираат е препорака од страна на Владата за употреба на ICC антикорупциската клаузула во договорите за јавните набавки, како и воспоставување на институционална поддршка за упатствата на ОЕЦД. Силно веруваме дека резултати кои биле посакувани со децении, но не биле постигнати на национално ниво, со заеднички сили за кратко време ќе ги постигнеме", изјави Кулебанова.

Во изминатиот период во рамките на коалицијата воспоставена е комуникација и се преземаа активности со релевантните институции кои се важни алки во синџирот и секоја од свој аспект може да даде придонес во борбата со корупцијата.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе