Николовски: Споменатите количини на пченица и пченка не се за стоковите резерви, тие се дел од годишните планови

Откако претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста, изјави дека Србија на барање на Македонија ќе испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка, на што реагираше и ВМРО ДПМНЕ, која ја обвини власта дека немала пченица во државните резерви, се огласи и министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

„Во државата има сосема доволна количина пченица и пченка. Во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

Министервата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка.

Споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви,“ напиша Николовски на Фејсбук.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе