Николовски: Сите дневници додека бев министер ги донирав во хумани цели

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, поддржува кратење на привилегиите кои ги имаат функционерите, откако претседателот Стево Пендаровски изјави дека се откажува од привилегиите кои му следуваат по претседателскиот мандат. Освен тоа Николовски вели дека за време на неговиот мандат како министер за земјоделство се откажал од сите свои дневници.

„Сите дневници во мојот мандат како министер ги донирав во хумани цели. Очекувам дека избраните функционери ќе бидат пример кога се на позиција. Уште повеќе, се откажав од функцијата и од сите привилегии. За да граѓаните се пред сите нас. Затоа сум за кратење на бенефиции на избраните и именувани лица. Со пример да покажеме!", напиша Николовски на својот фејсбук профил.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе