Брифинг во СДСМ

Николовски: СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ, за Град Скопје поддршка ќе има од ДУИ и ДПА

СДСМ пред почетокот на кампањата за локалните избори е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ со 21,7 проценти во споредба со 19 проценти за опозициската партија, покажала анкета на јавното мислење изработена за потребите на социјалдемократите. За победник на изборите СДСМ ја сметаат 27,9 проценти од испитаниците, додека за победник ВМРО-ДПМНЕ ја прогнозираат 16,2 отсто од граѓаните. Првите 20 кандидати за градоначалници СДСМ ќе ги објави на 13 јули, соопшти генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски на брифинг со новинарите.

Kaндидатите за градоначалници кои ќе го поминат последниот филтер - Извршниот одобро на партијата, ќе бидат објавени во три фази. Во првата фаза на 13 јули ќе бидат објавени кандидатите на коалицијата на СДСМ за 20 општини. Николовски вели дека во тек е кандидирањето на лица за градоначалници и за советници како од страна на општинските организации, така и по пат на јавниот оглас што го објави партијата, на кој главно се кандидираат граѓани кои не се членови на партијата.

Досега СДСМ има 562 кандидати за градоначалници и 4.530 кандидати за советници.

Со цел да биде извршена добра селекција, целата работа не им е оставена само на општинските организации, за да нема приговори за субјективни елиминации, туку на крајот својот збор ќе го даде Извршниот одбор, рече Николовски.

Во втората фаза ќе бидат објавени кандидатите за дел од општините, а потоа, некаде во август, кандидатите од „третата фаза“, односно тоа се општините каде СДСМ смета дека со речиси стопроцентна сигурност ќе ја добие битката со противкандидатите на другите партии, како што се на пример, Центар, Струмица, Битола, Крива Паланка и други општини.

За градоначалник на Град Скопје договорено е СДСМ да ја добие поддршката од ДУИ и од ДПА уште во првиот круг, тука е и Беса како коалициски партнер, а СДСМ за некои општини, од типот на Тетово, Гостивар, Струга и други општини со мешан етнички состав, својата евентуална поддршка на кандидатите од овие партии на Албанците ќе ја даде во вториот круг. Можно е СДСМ во Гостивар и во уште некоја општина да настапи и со кандидат за градоначалник Албанец.

Сепак,беше речено на вечерашниот брифинг, повеќе детали за изборна соработка ќе можат да се соопштат по лидерската средба Заев - Ахмети која се очекува идната недела. Заев веќе имал средба со лидерите од коалицијата на СДСМ, и од нив не било најавено дека ќе имаат посебни кандидати за градоначалници. 

СДСМ во изминатиот период го засили присуството на терен, преку маалски средби преку граѓански трибини, под слоганот „Најдоброто".

Организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, ќе биде заменик шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ за локалните избори.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе