Николовски: Одекна вистината, Кичеец бил извршител на Мицкоски

Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, кои упорно, 1 година се пласираат од скапиот бел дворец, за случајот познат како „Рекет". Граѓаните денеска слушна како Христијан Мицкоски имал средби, разговори и директна соработка со Зоран Милески Кичеец, сега веќе осудено лице во случајот познат како „Рекет“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Мицкоски  ја лажеше целокупната и  целата јавност дека немал никакви средби со Зоран Милески. Мицкоски и Кичеец, активно и директно комуницирале, очи в очи, на средби но и преку телефон. Не преку „Петко-Станко" како што самиот Мицкоски вели на објавената снимка, туку  сосема директно.

Кичеец бил извршител на Мицкоски и одбработувал за ВМРО-ДПМНЕ.

Активно ја помагал ВМРО-ДПМНЕ и работел  во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го ангажира Кичеец во изборни цели за претседателските и локалните избори во Охрид во 2019 година.

Оваа снимка освен што ја потврдува вистината може да биде основ и за постапки поврзани со изборен криминал.

Конечно, оваа снимка фрла око, вистинско светло на случајот „Рекет“ кој очигледно води директно до овој скап дворец платен од граѓаните, до ВМРО-ДПМНЕ и до Христијан Мицкоски.

Очекуваме целосно расчистување на овој скандал и одговорност, согласно законите, за сите инволвирани во овој случај, вклучително и на оние од белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Николовски.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе