ВМРО-ДПМНЕ

Николовски: Од Заев добив закана со тужба за клевета, обид да се замолчи опозицијата

Вчера добив писмо адресирано од премиерот Зоран Заев во кое се заканува со тужба за клевета. Во изјава по повод верскиот празник Богородица на новинарско прашање одговорив на прашања поврзани со аферата „Рекет“. Наместо како што личи во секоја нормална и демократска држава доколку не се согласува политичкиот опонент со она што ние го кажуваме истото да го демантира или во јавноста да приложи спротивни факти и аргументи, јас добив закана со  тужба, изјави Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е класичен обид за притисок и за замолчување на опозицијата. Во која демократска држава, земја членка на ЕУ, која Заев од устата не ја вади се видело премиер да тужи потпретседател на најголема опозициска партија за политичка изјава. Или можеби има таква работа во САД? Веднаш ќе ви одговорам, нема.

Нека каже еден пример Зоран Заев каде премиер на која било демократска држава тужи потпретседател на опозициска партија за политичка изјава. Многу поостри зборови сме слушнале и слушаме, на пример деновиве во британскиот парламент и во британските медиуми кои се однесуваат на премиерот Борис Џонсон, па сигурно ни на крај памет не му паѓа да ги тужи опозициските политичари за она што го кажуваат за него.

Толку ли го заболе Зоран Заев мојата изјава за „Рекет“, што реши сам себе да се демантира. Па така на 4 април Зоран го советуваше брат му Вице да ја повлече тужбата за клевета кон мене. А, еве сега решава самиот тој да ме тужи за клевета.

За „Рекет“ има активна истрага и моја работа како политичар и како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е јавно да поставувам прашања, дилеми и да споделувам информации. И на тој начин да ја отвориме оваа дебата во јавноста и секако на еден демократски начин да извршиме притисок врз институциите, истите побрзо да ја завршат истрагата.

Кој верува во оваа држава дека Боки 13 сам рекетирал и дека бизнисмените сами му ги давале парите? Па денар нема да му дадат, а не тешки милиони доколку позади него не стојат највисоките структури на власта.

Она што е интересно во писмото Заев воопшто не демантира дека се изрекетирани преку 20 милиони евра. Ниту демантира дека повеќе бизнисмени се изрекетирани со што само ги потврдува нашите сознанија дека рекетот бил далеку подлабоко од она што се знае во јавноста. Единственото што го спори е дека тој ја координирал оваа акција.

За таа работа ќе се видиме и со Зоран на суд и исто како во тужбата со брат му Вице јас планирам сам да се бранам, да не ангажирам адвокати, слободно може тој да ги ангажира најскапите адвокати во државава. Па ќе видиме на чија страна ќе е вистината.

Исто така би сакал да информирам дека овој притисок е да се заплаши опозицијата, да се заплаши слободно мислечката јавност и медиумите затоа што логиката на советниците околу Заев е дека ако тој може да го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, што останува за другите.

Наместо мене да ме тужи на суд, мислам дека е добро да се пријави во обвинителството и да даде исказ што тој знае и како е инволвиран во аферата „Рекет“. Имајќи во предвид дека неговото име го слушавме на јавно објавените материјали, а исто така за неговото име се шпекулира во јавноста“, рече Николовски.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе