Николовски назначен за следење и спроведување на новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата

На денешната седница, на предлог на премиерот Зоран Заев, Владата го назначи заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски за следење и спроведување на новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Во рамки на оваа точка, сооптија денеска од владината прес-служба, членовите на Владата потпишаа Изјава за прифаќање на одредбите од новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата. 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе