Судство

Николовски на „Топ тема": Граѓаните со право се разочарани од состојбите во судството

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното гостување на „Топ тема“ рече дека прават се за да се спроведе целосно прочистување на судството и обвинителството.

„Граѓаните со право се незадоволни од случувањата во судството, каде има се уште има остатоци од режимот и груевизмот, од контролата врз судството од разни моќници, незадоволна е и мојата генерација и тоа со право“, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски на дебатната емисја „Топ тема".

Николовски рече дека денес веќе не живееме во, како што рече,  режим кога некои мислеа дека е нормално владејачката партија да треба има целосна контрола врз судството, медиуми, граѓанскиот сектор.
„Доколку како извршна власт посегнавме по инструменти кои не се во согласност со демократските принципи, сигурен сум дека ќе се вратевме назад во режим. Денес сме пред членство во НАТО и пред отворање на поглавјата со ЕУ. Но, правиме се за да се спроведе целосно прочистување на судството и обвинителството и тоа никој нема да го спречи“, истакна Николовски.
 

 

 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе