Предвремени парламентарни избори

Николовски: На 15 јули одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад

Генералниот секретар на СДСМ и носител на листа во Третата изборна единица, Љупчо Николовски денеска од Крива Паланка порача дека им треба чист мандат за спроведување на одлучни и ефикасни реформи во правосудството, без блокади и кочење.

„На 15 јули одлучуваме дали ќе продолжат да растат платите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски. Одлучуваме дали ќе се заштитиме од ковид вирусот или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите нас. На 15 јули одлучуваме дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски. Дали после НАТО ќе влеземе и во ЕУ или ќе им дозволиме да ја загрозат нашата иднина. Не смееме да ја прокоцкаме шансата, многу вложивме за неа“, рече Николовски.

Тој кажа дека во изминатите 20-тина дена ја поминал целата изборна единица и видел дека граѓаните прават разлика.

„Имаат повисоки плати, подобар економски стандард, има поддршка за стопанствениците, за земјоделството, за младите, го вративме достоинството, нема веќе закани, нема веќе страв, нема уцени, слободно дишеме и зборуваме. Одговорноста е на секој од нас.  Заедно и одлучно треба да се спротивставиме и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Време е да тргнеме напред без ланци кои влечат кон минатото. На нашата држава и требаат чесни, храбри и одлучни политичари, кои работат единствено во интерес на граѓаните. Затоа ни треба чист мандат. За да спроведеме одлучни и ефикасни реформи во правосудството, без блокади и кочење. Секој да одговара за стореното дело“, рече Николовски. 

Тој им порача на граѓаните дека гласањето на 15 јули ќе биде 100 проценти безбедно и ги повика со почитување на мерките за заштита, со маска на лицето и со држење на дистанца да го остварат своето право на глас.

„Вашата одлука ќе ја определи вашата и иднината на вашите деца“, додаде Николовски.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе