Вицепремиерот за борба со корупцијата на новинарско прашање

Николовски: Можеби Дубаи беше грешка, но имам право на одмор, работам многу

Вицепремиерот Љупчо Николовски на новинарско прашање за неговиот одмор во Дубаи во време на здраствена и економска криза одговори дека со сопругата биле само три дена. Можеби беше погрешен изборот одморот да биде во Дубаи, но според Николоски, има право на сопругата да ѝ овозможи три дена одмор во услови кога по 16 часа на ден работи во интерес на граѓаните. Тој одговори и дека не е вакциниран против ковид-19 и дека патувал како обичен граѓанин.

„Три дена одмор после 16 часа работа на ден за граѓаните и за државата, чесно е и искрено да ѝ ги посветам на сопругата. Можеби од оваа временска дистанца е направена грешка што е избран Дубаи, но и не беше целосно одмор туку сопругата, која работи за странска компанија, не за домашна, имаше и работни состаноци. А, за платата што ја добивам имам право на 16 часа работа, но и право три дена во годината да искористам за одмор“, изјави Николовски и рече дека неговата борба со криминалот и корупцијата ќе продолжи уште посилно и неселективно.

Тој уште еднаш нагласи дека како и на секој граѓанин законски му следува одмор и дека никому нема да му дозволи тоа да му го попречи.

Вицепремиерот одговори дека не е вакциниран против ковид-19, дека на патувањето не бил со службен или дипломатски пасош, не користел службен телефон, ниту возило и дека ниту денар од државата не потрошил.

Обвинувањата во овој контекст тој ги смета за удари врз неговата функција, но дека нема да биде поколебан во борбата за враќање на довербата во институциите.

Инаку, денеска на владината прес-конференција портаролот Душко Арсовски беше прашан што ќе преземе Владата против свои функционери кои во време на пандемија и економска криза одмораат во странство, но и против функционери кои не ги почитуваат здравствените протоколи, а некои биле видени без маски при посета на детски градинки.

„Законите и прописите се еднакви за сите граѓани без оглед дали се работи за владини функционери или не и сите подлежат на санкции“, рече Арсовски и како пример го посочи казнувањето на вицепремиерот Артан Груби кога дозволил во неговото министерство да се организира свеченост на која присутните биле фотографирани без маски на лицата.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе