По завршување на седницата на ЦО

Николовски: Да почекаме до утре да видиме дали Мицкоски нема да дојде на лидерската средба

Едногласно била донесена Декларација со која се дава поддршка на највисокото раководство на СДСМ, но и на останатите институции да продолжат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и за јакнење на правната држава, изјави денеска генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски по завршување на седницата.

„Последните случувања покажуваат дека постои целосна заштита и нов
механизам, кој функционира на релација граѓани-обвинителство-МВР.  ЦО го реафирмирал ставот дека СДСМ како одговорна партија нема да дозоволи закочување на реформите, напредокот и правдата, како што прават Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николовски.

На прашањата дали има сознанија кои се Кики и Фрики, за кои се тврди дека се високи функционери од СДСМ вмешани во случајот „Рекет" на Бојан Јовановски и Зоран Милески, Николовски избегна да даде директен одговор нагласувајќи дека ЦО донел декларација, која застанала во одбрана на функционирањето на правната држава и правниот систем.

На прашањето дали Кики и Фрики биле присутни на седницата, Николовски одговори дека присустувале голем број членови на ЦО – пратеници, градоначалници и додаде дека сите биле едногласни во бескомпромисната борба против корупцијата и организираниот криминал.

Запрашан дали високи функционери на СДСМ се вмешани во „Рекет" Николовски нагласи дека партиската припадност никого не амнестира од криминал.

„За разлика од многу други, кои ги блокираат институциите и се борат против правдата и не сакаат да дојдат на преговарачката маса само заради криминалот, ние целосно се бориме против нив, рече Николовски, додавајќи дека кој било граѓанин може да е вмешан во нешто, а институциите треба да дејствуваат за секого, без разлика дали е член на политичка партија.

За тоа како ќе постапат доколку Христијан Мицкоски не дојде на утрешната лидерска средба и како ќе обезбедат двотретинско мнозинство за законот за Јавното обвинителство, Николовски порача да се почека утрешниот ден да се види исходот.

„Да го почекаме утрешниот ден, да видиме дали тоа ќе се случи, да не дојде. Секако оваа држава има одговорност да бара инструменти да функционираат интитуциите и законите, секој поединец има политичка одоговорност, уште повеќе пратениците имаат обврска во рамки на овој систем да обезбедат поддршка на правдата и на функционирање на институциите во тој поглед“, додаде Николовски.

На денешниот Централен одбор е заокружен процесот на промени во партијата со комплетирање на првите луѓе во партиските комисии. Снежана Калевска Ванчева е назначена за нов кординатор на Форумот на жени на СДСМ.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе