Николовска: Четвртиот пакет мерки обезбедува сериозна поддршка за спас на работни местa

Од почетокот на коронакризата, Владата предводена од СДСМ преку навремени и ефикасни мерки им помага на граѓаните и компаниите во надминување на негативните последици, изјави Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ

„Со ребалансот на буџетот, кој веќе е во собраниска процедура, се обезбедуваат сериозни средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата.

Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе се искористат за помош и поддршка на економијата, за спас на работни места и јакнење на приватната потрошувачка.

Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати во последните три месеци од годинава и ќе се помогнат 83.000 работни места.

27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички од по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги

Со пакетот се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, се обезбедува државна и царинска гаранција за компаниите.

Меѓу мерките од четвртиот пакет е и Викенд без ДДВ која се спроведува овој продолжен викенд а која има за цел да ја зголеми приватната потрошувачка, а истовремено да обезбеди повеќе пари кај граѓаните и нивните семејни буџети.

Се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата КОВИД 1 и  дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите“, изјави Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе