Реакција по објавениот документ кој е дел од доказите

Николоски за Извештајот за пожарот: Смешно е да се тврди дека заради кабел се загубени 14 човечки животи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска од Општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање во врска со Извештајот за модуларната во Тетово рече дека очигледно било дека СДСМ и ДУИ преку Обвинителството во Тетово си нарачале Извештај каков што им одговара со цел да скријат одговорност. Николоски истакна дека во најмала рака, било „смешно е да се тврди дека 14 човечки животи се загубија заради некаков кабел".

„Во исто време дури и да е така како што тврди тетовското обвинителство, повторно одговорноста е кај Венко Филипче затоа што тој е министер за здравство и тој е најодговорен за изградбата на модуларните болници и за нивното функционирање, затоа што тие се во рамките на Министерството за здравство и знаеме дека со промените на Законот за градење целосно е прескокната процедурата на кој начин истите требало да бидат изградени", рече Николоски.

Јавното обвинителство денес информираше дека во Основното јавно обвинителство Тетово е доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе