ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: За бегството на Мијалков одговорна е власта, се потврди коалицијата на Заеви со Мијалков

За бегството на Мијалков виновна е власта. Се потврди коалицијата на Заеви со Мијалков, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наградата стигна овој викенд, на тој начин што на Мијалков му се овозможи да избега од правдата. Во овој момент имаме бегалец од правдата. Спасовски молчи, Шекеринска ја нема никаде, а Заев ја префрла вината“, рече Николоски.

Тој вели дека сега на сите им стана јасно зошто Мијалков уште во 2018 година беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.

„Коалицијата Вице Заев, Зоран Заев и Сашо Мијалков функционира од октомври 2018 година. Кога го исклучивме Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ, јавно кажавме дека има тајна коалиција, која не само овие три години, туку 15 години наназад работи на уништување на Македонија“, рече Николоски.

Тој побара одговорност од власта, и исто така побара за 24 часа власта да го обезбеди Мијалков.

„Сето тоа што го зборувавме изминатите години, а и тоа што го зборуваме денес се потврдува, а тоа е дека со Македонија владее криминална коалиција, која ги урива основните вредности, која го урива системот на владеење на правото, го уништува нормалното живеење во Македонија, што влијае врз бизнисите и истите ги рекетира или ги презема. Со Македонија владее крими – коалиција.
И за тоа очекуваме во следните 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. Со Македонија владее крими коалиција. Оваа влада треба уште денеска да замине“, вели Николоски.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе