Говор на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Николоски во Стразбур: Бугарија беше окупатор во Македонија и ги oдведе Евреите во смрт

Имаме огромен проблем со Бугарија, таа земја сака да ја смениме историјата, но и не признава дека беше окупатор на Македонија во Втората светска војна и беше таа која ги депортира Евреите во логорот на смртта Треблинка, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во обраќањето пред евро - пратениците во Стразбур и рече дека барањето е Бугарија да го признае тој дел од својата историја, да се соочи со фактот на постоење на македонската држава и нација и да ја тргне блокадата за Македонија кон ЕУ,

„Како што можеби знаете, имаше голема еврејска заедница во Скопје, како и во Македонија во целост, но за жал за време на Втората светска војна, главно, повеќето од луѓето што живееја во Скопје всушност над 90% беа депортирани во Треблинка во тоа време, во логорите на смртта, а сега има мала заедница. Но, изградивме Музеј на холокаустот, еден од ретките што ги има во Европа, во самиот центар на градот каде што сакаме да им оддадеме комеморација на жртвите“, рече Николоски.

Овој дел од бугарската историја Николоски потоа го поврза со сегашноста и ги потсети евро-пратениците дека Македонија има огромен проблем со Бугарија околу започнувањето на пристапните преговори со Европската Унија и нагласи:

„Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето за бугарската држава за време на Втората светска војна, тие беа тие што го окупираа денешна Македонија. Тие беа оние кои за жал го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние кои ги испратија во Треблинка.

Она што бараме од нив е да го одбележат и да признаат дека тоа се случило. За жал, она што го гледаме е целосно негирање и со употреба на силата на членството во Европската Унија не присилува да ја смениме историјата на таков начин за да ги отвориме пристапните преговори. Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги започнеме пристапните преговори со Европската Унија, користејќи го нивното членство во Европската Унија да ја препишат историјата повеќе, би рекол учтиво за нив, но начин на кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и е против она што се случи за време на Втората светска војна“.

Николоски ги повика европратениците таквата пракса да се промени и побара  Бугарија да го промени своето однесување и да дозволи отворање на пристапните преговори.

„Да се соочат со реалноста, да се соочат со нивниот историски проблем, но и да се соочат со историјата каква што е и да се соочат дека постои нација која постои до нивната граница што се нарекува македонска нација и држава што е македонска. Само со прифаќање на заедничките вредности можеме да одиме понатаму и чекорот кој што може да го направи бугарскиот премиер за да дојде во музејот на холокаустот во Скопје и да побара една голема прошка од жртвите“, рече во обраќањето потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе