„Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата. Не мислам дека е невозможно тоа да се случи, да почекаме“, рече Николоски и додаде дека ова ново парламентарно мнозинство може да се реализира во контекст на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на законското решение за спроведување на пописот.
Николоски повтори дека ако претседателот Стево Пендаровски го потпише Законот за попис, тогаш ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе поднесе иницијатива до Министерството за правда за собирање од најмалку 10 илјади потписи за поништување на новиот Закон за попис.
„Мислам дека е возможно да се обезбеди мнозинство. Требаат три пратеници. Нашиот предлог за формирање на влада за национален спас не помина, па сега треба да се оди на соборување на оваа влада која нема капацитет за ништо, рече Николоски.
Во Собранието парламентарното мнозинство го сочинуваат пратениците на СДСМ, ДУИ и Беса – 62, а 58 пратеници се на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива.
И премиерот Зоран Заев лани најави проширување на парламентарното мнозинството за уште тројца пратеници. Сепак, но тоа досега не се случи.