По контактите на Зекири

Николоски вели дека директорот на АР присуствувал на партиски состанок, Муслиу бара тој да ја повлече изјавата

Предвремената кампања на СДСМ резултираше со тоа над 80 луѓе од врвот на СДСМ и 200 лица само од УЈП да завршат во самоизолација, изјави вечерва за ТВ Канал 5 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Според него Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање е во изолација по контакт со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири. На ова веднш реагираше Агенцијата за разузнавање и побара Николовски да ја повлече изјавата.

Дел од луѓето на тие партиски средби, изјави Николоски, не смееле да бидат на партиски состаноци, посочувајќи ги директорите на Агенцијата за разузнавање и на Управата за финансиска полиција, Еролд Муслиу и Арафат Муареми. Според него, тие се контролирани од потпретседател на СДСМ.

Од АР соопштија дека директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу не е член на ниту една политичка партија.

„Тој не бил на партиски состанок во СДСМ.  Директорот на АР е во самоизолација поради приватна кратка средба со пратеникот Мухамед Зекири која се случила во град на 30 мај. Имајќи предвид дека раководи со институција во која работат многу вработени, а со цел одбегнување и најмала можност за инфекција, како одговорна личност одлучи да оди во самоизолација. Ние во АР за цело време додека трае ситуацијата со пандемијата успеавме да се заштитиме, а притоа да ги извршуваме редовните обврски. Им сугерираме на медиумите да не потпаѓаат на хибридната пропаганда гладна за лажни вести.

Му сугерираме на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски да ја повлече неговата изјава дадена за Канал 5 денеска, на 2 јуни, бидејќи содржи невистинит факт“, соопшти Агенцијата за разузнавање.

Николоски во изјавата на Канал 5 рече дека дел од луѓето кои се во самоизолација не смееле  да бидат во партиска функција, како на пример директорот на финансиската полиција или директорот на Агенцијата за разузнавање. „Тие треба да се независни институции. Едната е дури под претседателот која не смее да биде под партиска координација, но гледаме дека биле во партиска координација“, рече Николоски.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе