На утрешната лидерска средба

Николоски: Се надеваме на консензус за изборите, не лицитирам со датуми

ВМРО-ДПМНЕ е надева дека на утрешната средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе има доволно политичка волја и разум кај сите политички партии да се изгради консензус за датумот за одржување на изборите.

„Има бројни прашања за кои што треба да се дискутира, едното е справувањето со здравствена криза, второто е справување со економската криза, трето е секако одржувањето потенцијално на избори, четврто на што ние инсистираме, одговор на овие условувања кои што Бугарија ги поставува во однос на евроинтеграциите на Македонија“, изјави денеска потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во однос на лицитирањето со датуми, тој смета дека е несериозно денес што било да каже и рече дека на „Зоран Заев му се случува фијаско“.

„Тој кажа дека за нив посакуван датум е 14 јуни, тоа е за месец дена од денеска, а гледаме дека секој ден имаме новозаболени од корона вирусот, знаме дека период на инкубација е 14 до 21 ден, потенцијално и од овие новозаболени може да има други, тоа би било во самиот тек на кампањата, што значи во тек на изборите. Друго европската унија донесе одлука дека границите на ЕУ за патување и за влез и излез ќе бидат затворени најмалку до 15 јуни, а некои држави членки како Франција ја продолжија вонредната состојба до 24 јули. Тоа директно покажува дека ќе биде невозможно во Македонија да има меѓународен мониторинг на изборите доколку истите се случат како што Зоран Заев предлага на 14 јуни. И затоа не би одел со лицитација на никакви датуми денес додека не се видат сите факт“, рече Николоски.

Тој уште најави ВМРО- ДПМНЕ утре ќе предложи излезни решенија кои што ќе бидат во корист на здравјето на граѓаните, економската благосостојба и ќе водат до одржување на избори, но избори кои што немало да загрозат ниеден човечки живот.

Претходно Николоски обвини дека Заев ќе тргувал со македонскиот јазик, заклучок изведен од изјавата на претседателот на европските социјалисти, Сергеј Станишев дека Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев.

„Европската агенда на Република Македонија според најавите кои ги добиваме од нашиот источен сосед е замрзната. Напредокот кон ЕУ зависи од дополнителни услови за кој мораме да бидеме свесни дека меѓу другото се последица на недостатоците и молкот од македонската дипломатија. Но, проблемот не е што најдоброто за Станишев и Бугарија, туку што е најдобро за Македонија а за жал, она што е најдобро за Бугарија во моментот е најлошо за Македонија и за нејзините национални интереси.

Втора грижа е што деновиве имаме бројни изјави на највисоки државни претставници од Бугарија - премиер, министер за надворешни и министер за одбрана. Овие изјави се насочени кон директно негирање на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската држава“, изјави Николоски.

Тој обвини дека наместо да се испрати протестна нота до Бугарија, македонското МНР, Димитров, Спасовски и Заев работеле, како што рече, едно големо ништо.

„Вистински скандал е што Димитров како шеф на МНР, Спасовски како премиер на техничката влада досега немаат ниту една официјална реакција, ниту допис или демант кон негаторските ставови на Бугарија и бугарската држава. Тоа значи две работи, или се согласуваат со она што е изјавено или има некоја друга позадина.

А прашање е и што прави МАНУ во целиов овој случај и период имајќи предвид дека Бугарската академија на науките е исклучително активна  и ги штити националните интереси на Бугарија? Што прави МАНУ? Дали воопшто е ангажирана во овој период?

За вака едно комплексно прашање потребен е државен консензус. Затоа уште еднаш повикуваме ова прашање по однос на условувањето од Бугарија, како и кочењето на европските интеграцијата на Македонија сериозно да биде разгледано на утрешната лидерска средба. Повикуваме на истата да се изгради заеднички и усогласена позиција по однос на евроинтеграцијата на Македонија  и условувањата кои што Бугарија ги поставува на Македонија, а исто така да се постигне заеднички договор за почеток на изработка на заедничко усогласена национална стратегија за државна безбедност, како и за надворешна политика кои што ќе бидат основа на дејствувањето на секој министер за надворешни работи, одбрана, внатрешни работи и на двете безбедносни агенции“, додаде потпретседателот на опозициската партија.

 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе