Предвремени парламентарни избори

Николоски: СДСМ и Заев се радуваат на поздравот од Ципрас, човекот кој ни го смени името

Се радуваат на поздравот од Алексис Ципрас. Испрати Ципрас поздрави и ги повикува замислете македонските граѓани да гласаат за оние кои го сменија името. Јас Ципрас го разбирам, ќе остане запаметен веројатно во грчката историја како еден од најпозитивните ликови во делот на националните интереси на Грција, изјави Александар Николоски, носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4.

Николоски реагира тоа што социјалдемократите се радуваат на поздравот од поранешниот грчки премиер Ципрас, кој ги повика македонските граѓани да гласаат за СДСМ.

„Веројатно името на Ципрас во Грција ќе биде запишано со златни букви во грчката историја затоа што успеа да го постигне тоа што ниту еден грчки премиер пред него не успеа да го постигне, а тоа е да го промени името на оваа држава. Ама нашите овде од СДСМ и од кај Заев се радуваат на тој поздрав, му се радуваат на тој што ги поздрави, тој пред којшто потпишаа дека капитулираат, па јас мислам дека нема поголемо национално предавство и национален срам“, вели Николоски.

Според него, да е трагедијата поголема, Ципрас цитира песни од Блаже Коневски во коишто зборува за смачкано племе, за глувото семе кое р'ти низ Македонија.

„Тие стихови имаат многу симболика, тие во себе во суштина говорат за таквите какви што не сакаме да владеат со Македонија, какви што за жал владеат во овие три години. Но, да се радуваат на тоа да го пуштаат по сите портали, по сите телевизии, да го пуштат спонзорирано на Фејсбук и на останатите социјални медиуми јас не можам да кажам ништо друго освен дека со врвни предавници имаме работа за жал почитувани пријатели“, вели Николоски.

Тој потенцира дека на тоа ќе стават крај на 15 јули. Николоски ги поздрави Зоран Заев и Никола Димитров, цитирајќи ја песната „Молитва“ од Блаже Коневски.

 

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе