„ШИК Јелак“-Тетово

Николоски: СДСМ и ДУИ за само 7 дена овозможиле профит од 200 милиони евра за контроверзниот бизнисмен

По вчерашната објава за изгласувањето на ДУП за просторот на поранешен ШИК Јелак Тетово, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска повторно се огласи на Фејсбук со, како што вели, документи од кои се гледа дека сѐ одело на брза лента.

„Општина Тетово предводена од ДУИ поднесува барање за согласност за ДУП до Министерството за транспорт и врски на 21.02.2020г., а Министерството предводено од СДСМ ја дава согласноста на 28.02.2020г.

Министерството предводено од СДСМ за само 7 дена одлучува дека е во ред планот со кој се предвидува урбана џунгла во Тетово од 230.000 квадратни метри од кои само станови се над 2.000 со 8.000 нови жители. Планот со кој се овозможува заработка од 200 милиони евра на инвеститорот се одобрува за само 7 дена, во услови кога граѓанин по месец дена не може да извади обично уверение“, вели Николоски.

Тој објаснува дека во претходниот план скоро и да не биле предвидени згради, а во новиот кој се носи, тоа е скоро половина, во претходниот не се предвидени деловни простории, а во новиот тоа е скоро една четвртина.

„Очигледно мотивот е голем, слушнавме во објавените разговори во јавноста дека 300.000 евра биле исплатени, а на тоа доколку се заврши работата треба да се дадат уште 2.000 квадратни метри, како и 2 милиони евра. Се поставува прашањето кај кого од СДСМ и ДУИ завршиле парите? Како и кој е бизнисменот што ги дава?“, додава тој.

Според Николоски, клучно е пошироката јавност да знае дека „Миодраг Дака Давидовиќ е контроверзен црногорски бизнисмен кој е еден од главните финансиери на политичките и општествени структури на Балканот кои се против евроатланската интеграција на целокупниот регион, вклучително и Македонија“.

„Целата негова бизнис кариера е поврзана со соработка со структури кои му овозможуваат добри профити кои потоа ги инвестира во подривање на аспирациите на земјите на Балканот за мир, соработка и интеграција во НАТО и ЕУ. Не случајно е еден од најконтроверзните ликови во Србија, во Босна и Херцеговина и во Црна Гора, соработник и пријател на најекстремните политички и верски кругови во овие земји, човек врз кој имаше обид и за атентат минатата година и човек кој не крие дека стои зад антидемократски и антизападни политики.

Дали се свесни СДСМ и ДУИ, дали се свесни Заев и Ахмети дека овозможуваат огромен бизнис од кој профитот ќе биде употребен против стратешката европска и евроатланска ориентација на Македонија? Ако има консензус помеѓу клучните политички партии во Македонија за членство во ЕУ и НАТО, како е возможно да се соработува со вакви контроверзни бизнисмени? Дали бизнис интересите се посилни од сѐ? И дали Заев и Ахмети се свесни дека парите заработени во ШИК Јелак Тетово ќе се користат во целиот регион против демократски избрани влади?“, прашува Николоски на Фејсбук.

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе