Николоски: Процесот на издавање пасоши на убијци и наркобосови бил поткрепен од блиски соработници на Заев

Во вечерашното издание на емисија „Јади бурек“ кај Јанко Илковски на ТВ Сонце гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталните политички случувања, како и на актуелната афера „Мафија“ која изминатите неколку дена се прикажа на македонската јавност.

Николоски истакна дека процесот на издавање пасоши на криминалци, убијци и наркобосови бил поткрепен и во соработка со блиски соработници на Зоран Заев од високите структури на власта. Тој додава дека не е возможно да се спроведе ваква акција на издавање пасоши на такви лица, а истовремено да не се вмешани луѓе од власта кои најверојатно правеле притисоци и поткупувале за да се заврши работата.

Николоски вели дека овој скандал сигурно ќе се рефлектира на меѓународниот план на Република Македонија, бидејќи ова не доликува на земја која што е претендент за членка на ЕУ, а е актуелна членка на НАТО. Тој вели дека не смее да се прогледа низ прсти на овој случај, бидејќи луѓе убивале, краделе, шверцувале дрога со идентитети кои во Македонија вистински постојат, а сега можат да бидат предмет на апсење поради ист идентитет со убијците.

„Оваа афера која овие денови е премногу актуелна сигурно ќе влијае врз европскиот пат на државата, бидејќи речиси три години траел процесот на издавање на пасошите, а властите не реагирале на било каков начин. Тоа доволно укажува за вмешаноста на власта во овој процес, а тоа не е една од вредностите на ЕУ или пак моделот врз кој би требало да функционира една европска држава. Доколку не паднат оставки од многу функционери и доколку случајот не се расчисти, тогаш меѓународната заедница сигурно нема да го премижи ова“, вели Николоски.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе