Локални избори

Николоски од Maврово: Недозволиво е жителите на Леуново да имаат проблем со водата

Денес сме во посета на општина Маврово Ростуше, тука сме денес во Леуново да поразговараме со локалното население, во однос на најактуелните случувања. Мислам дека го имаме најдоброто решение за општина Маврово Ростуше. Имаме одлична советничка листа која што ќе ги штити интересите на жителите на Маврово Ростуше во рамки на Советот и исто така имаме одличен кандидат и иден градоначалник на Маврово Ростуше, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиуми.

Николоски додаде дека доктор Џафери е вистинското решение за Маврово Ростуше, затоа што ги знае луѓето, соработува со нив, комуницира со нив, и ги знае нивните маки и проблеми.

„На дневна основа е со нив, и најдобро ќе се грижи за жителите на Маврово Ростуше. Тоа всушност мојата основна намера зошто сум денес токму овде во Леуново, а тоа е приоритет и предност за да добијат жителите на населените места околу Мавровското езеро, како и на целата општина. Апсолутно треба да се развива Мавровското езеро и да се грижиме сите за него, но приоритет во развојот на туризмот мора да има жителите кои што постојано живеат тука на Мавровското езеро", нагласи Николоски.

Николоски посочи дека недозволиво е Леуново да има проблем со вода за пиење и недозволиво е да имаат проблем со пречистителната станица. Тоа се проблеми кои што мора да се решаваат. И кои што новиот градоначалник предложен од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе