Николоски обвинува: Крими коалицијата СДСМ-ДУИ донесе ДУП вреден 200 милиони евра во корист на контроверзен бизнисмен

Само еден ден по формирањето на старо-новата Влада на СДСМ и ДУИ во Советот на Општина Тетово каде мнозинство имаат исто така СДСМ и ДУИ на 31 август оваа година се изгласа детален урбанистички план кој во себе носи криминал, корупција како и сериозен регионален контроверзен контекст, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во статус на Фејсбук, Николоски пишува дека на седницата на Советот на Општина Тетово бил изгласан детален урбанистички план за урбан блок 57а кој се наоѓа на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак.

„Со овој ДУП се предвидува градба од 230.000 метри квадрати од кои станови дури 140.000 метри квадратни, а околу 80.000 метри квадратни деловни објекти. Поедноставено ова значи околу 2.000 нови станови во Тетово со некаде околу 8.000 нови жители, како и деловни објекти кои дополнително ќе го оптоварат градот. План за кој нема никакви нити урбанистички нити сообраќајни услови, а најмалку хумани услови за живот. План во кој потенцијалната заработка на инвеститорот надминува незамисливи 200 милиони евра“, пишува Николоски.

Според него, клучното прашање е за сопственикот на земјиштето. Николоски вели дека сопственик на објектите на поранешен ШИК Јелак, како и земјиштето на кое ќе се гради е црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ.

„На македонската јавност ѝ е познат од разговорите кои се објавија пред парламентарните избори во кои јасно се слуша дека дал 300.000 евра со цел да му се завршат работите, а дополнително ветува 2.000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра доколку се дозаврши работата поврзана со ШИК Јелак Тетово. На македонската јавност ѝ беше исто така презентирано дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ на најмалку три седници одржани на 25.12.2018, на 15.01.2019 и на 07.02.2019 дала согласност да се понуди остатокот од ШИК Јелак на Дака Давидовиќ кој веќе поседувал дел од ШИК Јелак, искористувајќи празнини во законот. Со тоа контроверзниот Миодраг Дака Давидовиќ има право да го откупи по почетна ниска цена целокупното земјиште на ШИК Јелак и на него со новиот ДУП да изгради објекти од кои ќе заработи незамисливи 200 милиони евра. Дека ништо не е случајно се слушна и во разговорите од кои се дозна дека Давидовиќ е во постојана комуникација со Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, а има средби и со Зоран Заев.

Изгласувањето на спорниот ДУП само еден ден по формирањето на Владата по претходна согласност од Министерство за транспорт и врски исто така предводено од СДСМ само ги потврдува сите криминални наводи објавени во разговорите пред изборите, а исто така отвора и сомнеж за нови кривични дела од видот на повластување на инвеститори. Се поставува прашањето кај кого ќе завршат 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра спомнати во разговорите како додаток на веќе исплатените 300 000 евра? Кој се од СДСМ и ДУИ е замешан во ова? Дали целта на коалицијата на лагата меѓу СДСМ и ДУИ е продолжување на криминалот? И дали се свесни СДСМ и ДУИ за регионалниот контекст поврзан со гоестратешките ориентации на регионот и улогата на Миодраг Дака Давидовиќ во истите?“, напиша Николоски на Фејсбук.

 

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе